Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи на прес-конференција ги истакна проектите кои планира да ги сработи во првите 100 дена доколку повторно ја добие довербата за водење на Општина Тетово.
Таа го образложи работниот план за првите 100 дена од раководење со локалната самоуправа, оценувајќи дека станува збор за реални, остварливи проекти, кои влијаат на повеќе сфери од секојдневниот живот на граѓанинот.
-Ветуваме дека во првите 100 дена со раководење со општина Тетово, ќе постигнеме игралишта за деца на неколку локации низ градот, отворање на првиот дел од булеварот Благоја Тоска кон текстилното училиште, регулирање на шеталиштето на река Пена, реконструкција на улиците Никола Тесла и Мирче Ацев, предлог за намалување на даноците за градба за сите оние што ќе поднесат барање за зелени покриви, поставување полу-подземни контејнери на 31 локација низ градот, реконструкција и осветлување на патот во село Сараќино, рече таа за инфраструктурните проекти.
Според Теута Арифи ќе се работи и на развој на општинските институции и установи.
-Снабдување на училишта со инвертори на училиштата, поделба на ЈКП на две дирекции, што ќе овозможи поефикасно управување и подобри услуги за граѓаните, изградба на градинка во близина на основното училиште Кирил и Методиј,мултифункционален спортски центар, зајакнување на локалниот младински совет преку организација на активности за млади,дигитализација на општинските услуги,поддршка за ученици со пречки во развојот – преку
Градоначалничката рече дека секои две недели ќе има „Отворена врата – средби со градоначалникот“, а за проектите средства ќе бара со апликации до меѓународни и владини фондови.