Тетовската градоначалничка Теута Арифи со нова најава дека реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ во градот ќе има во текот на 2021 година. Таа на новинарски прашања на настанот во тетовската пожарна каде стигна нова опрема, посочи дека процедурите биле завршени и очекува напролет градежни работи на улицата „Гоце Делчев“. Оваа улица долга над еден километар ги поврзува старите населби во градот и важи за една од најоштетените.
-Завршени се таму сите процедури. Се очекеува почетокот на првите недели на пролет да се почне со работа. Таа улица и улица „Ѓоце Стојчевски“ ги добивме како финансии од Светска банка и исто така ние ги завршивме припремните работи. Тендериравме мал дел што не беше покриен со тие средства што беа дадени како пари од Светска банка. Сметам дека таа улица и „Ѓоце Стојчески“ ќе ги завршиме некаде до лето, изјави Теута Арифи.
Според неа иако тешка 2020 година биле завршени два капитални приоекти за градот.
-Година со големи предизвици,економски и здравствени. Сметам дека за нас сепак покрај сите овие предизвици успевме да да завршиме дел од големите проекти кои ги имаат булеварот (нз. „Видое Смилевски-Бато“/Индустриска) како и набавката на автобусите како два капитални проекти за градот. Така да се надеваме дека иднината година ќе ги зголемиме уште повеќе нашите капацитети за да можеби и немаме вакви предизвици кои ќе ни овозможат полесно да ја одработиме нашата работа, истакна Арифи.
На страниците на градоначалничката и Општината на Фејсбук објавено е видео на кое како реализирани проекти во 2020 се претставени и состаноци и средби околу пандемијата.
A.С