Кандидатката за градоначалничка на Тетово, Теута Арифи денес во граѓанското здружение „Мултикултура“ разговараше за потребата и важноста за вклученост на граѓанските организации во подготовката на општинските полиитки.
-Средба во здружението „Мултикултура“ на која разговаравме за Форумот на граѓански дијалог, проект поврзан со потребите, предизвиците и очекувањата на граѓаните во сферата : екологијата, урбанизмот, образованието и културата. Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето е многу важно во подготовка на општинските политики кои директно служат на потребите и приоритетите на граѓаните. Ние како општинска администрација и понатаму ќе ги поддржуваме и уште повеќе ќе ги зајакнуваме сите можности за вклучување на граѓаните во одлучувањето, изјави Теута Арифи на средбата.