Вчера (27 септември) околу 16 часот во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Никола Тесла“, а во која учествувале патничко моторно возило „мазда“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Ф.Р. од тетовски Пирок и мотоцикл „пиаџо“ со тетовски ознаки, што го управувал 54-годишниот тетовец Љ.О. Во несреќата мотоциклистот задобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовскатa клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секорот за внатрешни работи Тетово, информираат од СВР Тетово.