Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово денес организираше трибина на тема: „Рак на дојка – месец на подигање на свеста“. На трибината учествуваа специјалисти од областа на медицината и претставници од граѓанското општество.
– Тоа е многу често заболување, едно од најчестите заболувања на карциноми кај жените, една од осум жени се разболува со карцином на дојка. За нас е битно рано дијагностицирање, а понатаму исклучување на сите можни стеги и предрасуди околу оваа болест, редовните контроли и дијагностиката. Мислам дека како општество го даваме максимумот во дијагностиката и третманот на оваа болест за општото здравје јавно и здравјето на жената кое што е во најчести случаи во репродуктивен период но секако и во постара доба, истакна д-р Неџати Јакупи, специјалист по по торакална хирургија.
Тој на трибината посочи дека за оваа болест можно е целосно излекување.
-Раното откривање на болеста може да доведе до комплетно излекување на карциномот на дојката со комбиниран хируршки и онколошки третман, секако дека како и сите други болести раното јавување кај матичен доктор и спроведување на сите дијагностички мерки придонесуваат кон раното дијагостицирање . Меѓутоа свеста, информираноста треба да надвладее дека карциномот на дојката е болест која се излекува во ран стадиум на откривање, истакна д-р Јакупи.
Октомври се смета за месец на подигање на свеста во борбата против ракот на дојка.