Триесет и двегодишен жител на тетовска Стримница вчера (27 декември) околу 21 часот и 20 минути, во СВР Тетово пријавил дека неговата мајка во семејниот дом физички била нападната од поранешната сопруга Џ.К.(30) од Шемшово, а која и го одзела и мобилниот телефон. Пријавената во 23 часот и 10 минути во Стримница лишена е од слобода и задржана во Полицискста станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.
Вчеравечер (27 декември) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во Стримница го лишиле од слобода 52-годишниот тетовец А.О., кој по вербална расправија со М.С.(20) од ова тетовско село, му вперил пиштол и, според пријавеното, го репетирал, а потоа заминал. Тетовецот А.О. задржан е во Полициската станица Тетово и одземен му е пиштол „застава пара“ со рамка со 5 куршуми, калибар 9 милиметри. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.