Полицијата во Тетово не го нашла дома 39 годишниот А.С при контрола дали го почитува решението изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тоа е единственото прекршување утврдено при контролата на вкупно 1134 лица кои имаат вакви решенија во моментот.
-При контрола извршена вчера околу 14 часот од полициски службеници на СВР Тетово, тој не бил пронајден во неговиот дом. Бидејќи не го почитувал решението за здравствен надзор и изолација по целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.
Во изминатото деноноќие 183 лица добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. За неносење маски казни се изречени на 85 луѓе во Тетовско.
Во октомври тетовската полиција кај две лица, едно од Тетово и едно од Долно Палчиште, при контрола утврди дека не ги почитувале решенијата за изолација дома за здравствен надзор и изолација и им поднесе соодветни пријави.
А.С