Жителите на Вратница, Старо Село и Орашје остануваат на ставот дека нема да дозволат да се гради мала хидроцентрала на Вратничка Река, по средбата со инвестирот, претставници на општината Јегуновце и Министерството за внатрешни работи. Според мештаните инвеститорот се пожалил во полиција дека неможе да гради на Вратничка Река по што полицијата го контактирала градоначалникот, и побарала состанок со локалното население околу реката, за да се утврди состојбата.
-Жители од Вратница, Старо Село и Орашје истакнаа дека населението кое живее околу реката е под голем притисок со проектите за мини хидроцентрали, и неможат нормално да живееат уште од летото 2013 година, изградбата е спротивна на законот за води, се нарушува правото на водоснабдување, вода за наводнување, имоти на жители, дека проектите за мали хидроцентрали се изработени се во канцеларија, а не на терен и дека институциите форсират проекти за кои е секонстатирано дека немаат никаква основа за реализација, инфомираат од месната заедница Вратница.
Од месната заедница во известувањето до медиумите ги пренесуваат и ставовите на инвеститорот и на градоначалникот.
Инвеститорот истакнал дека треба да гради мини хидроцентрала на Вратничка Река и дека централата би се протегала од спојот на Љуботенска Река со Ливадичка Река (почеток на Вратничка Река) на север, па се’ до мостот во Вратница на југ. Градоначалник ги поддржува жителите на Вратница, Старо Село и Орашје во борбата за зачувување на Вратничка Река.Го разбира инвеститорот зошто сака да гради, бидејќи и тој самиот е бизнисмен. Иако локалното население наведува 15-20 причини поради кои не треба да се гради на Вратничка Река, сепак градоначалникот кажува дека не е многу задоволен од одговорите / изнесените причини, навеедуваат во известувањето до медиумите од месната заедница на Вратница.
Според месната заедница можни се три исходи од целиот случај: локалното население да дозволи да се гради мини хидроцентрала, инвеститорот да се откаже од градење, или државните институции да констатираат дека нема услови за градба и да го обесштетат инвеститорот за досегашните инвестиции.