Тетовската полиција бележи три пријави со повредени лица.
Вчера (3 декември) во 18 часот, 17-годишник од тетовското село Желино, во присуство на негов родител, во СВР Тетово пријавил дека на училиште, во пауза помеѓу часовите околу 15 часот и 30 минути, со остар предмет бил повреден во левата нога од друг 17-годишник, негов соученик и соселанец. Повредениот малолетник пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Случајот целосно е расчистен и ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.
Вчера (3 декември) во 15 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека 48-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње, истоварајќи ѓубре на нива во атарот на ова село, паднал од тракторска приколка и се здобил со повреди. Повредениот Е.И. бил пренесен во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Во текот на денот вчера 17-годишник од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 7 часот и 30 минути на улица „Ѓоце Стојчевски“ во Tетово бил каснат од куче скитник нa левата нога.