Тетовските полицајци од станицата во Камењане вчера привеле две машки лица од Богивиње и едно од Горно Седларце затоа учествувале во физичка пресметка, а при тоа бил загрозен животот на учесници во сообраќајот со употреба на патничко возило „јагуар“.
-Во 20.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17.30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, каде било инволвирано уште едно лице, при што со патничко возило „јагуар“ без регистарски ознаки била загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.