До 19 јули трае пријавувањето за турнирот во мал фудбал во тетовско Сиричино, кој треба да започне во недела 21 јули. Турнирот е со богат награден фонд кој изнесува 50 илјади за екипата која ќе го освои првото место, 25 илјади за второпласираната екипа и 10 илјади денари ќе добие екипата за третото место. Награда од 5 илјади денари има и за четвртото место.
На турнирот екипите ќе се поделат по групи, а на терен ќе бидат со по шест играчи, односно голман и пет фудбалери.
Пријавувањето е на телефонските броеви 077-994-101 Стефан, 077-519-336 Славчо и 070-885-928 Горан.