Тетовското муфтивство при Исламската верска заедница соопшти дека денес биле домаќини на повеќечлена делегација, предводена од Мустафа Шентоп, претседател на големото национално Собрание на Република Турција. Шентоп, кој е во официјална посета на С Македонија ја посети Шарената џамија во Тетово. Заедно со него биле и заменик министер за култура и туризам Надир Алпаслан.
-При посетата на Шарената џамија муфтијата на Тетово, Ќани Несими го пречека г. Шентоп кој зборуваше за вредноста на Пашината џамија и за многу други прашања од тоа време. Тетовскиот муфтија на г. Шентоп му подари уметничка слика со поглед на куќите од стариот дел на градот Тетово, информираат од муфтивството.
Делегацијата предоводена од Мустафа Шентоп го посети и комплексот Арабати Баба Теќе. Поради посетата на турската делегација во Тетово денес беше воведен посебен сообраќаен режим.
А.С