На 14.12.2020 година во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул.„Страшо Пинџур“ бб го приведоа Г.Е. (43) од Тетово, информира МВР.
Тој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 ст.1 од Кривичен законик (н.з убиство).