Изложени се избор на слики Тетово 24 март 2021 (МИА)- Во наредните десетина денови љубителите на уметноста ќе може да погледат избор на слики од сите досегашни 11 меѓународни ликовни колонии на кои домаќин била националната установа „Уметничка Галерија“-Тетово. Изложени ќе бидат дела на автори од десетина земји кои биле учесници на досешните изданија на колонијата.
-Изложените слики ќе може да се погледнат секој работен ден во временскиот интервал од 09:00 до 19:00 часот. Уметничката Галерија ќе биде отворена за посетителите во тоа време и ќе може да се видат триесетина уметнички дела, информираат од Галеријата.
Во септември 2020 беше одржана последна 11-та меѓународна ликовна колонија во Тетово, која заврши со пригодна изложба на минатогодишните учесници.
А.С