Студиската програма за дефектологија при Педагошкиот факултет во Тетово заедно со Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје организираа тркалезна маса по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби на тема „Инклузивното образование во Република Северна Македонија“. Своето излагање имаше деканот на Педагошкиот факултет при УТ, проф. Љуљзим Мехмеди.
-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, не треба да се одбележува само на 3 декември туку да ги почитуваме, грижиме, воспитуваме, штитиме и рехабилитираме луѓето со посебни потребни во текот на целата година. Овие луѓе бараат да бидат еднакви, да живеат самостојно и да функционираат во општеството, истакна професорот Мехмеди.
Продеканот за образование на Педагошкиот факултет при УТ, проф.д-р. Буниамин Мемеди, потсети на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост и Законот за основно образование посочувајќи дека државата се уште не обезбедува соодветен простор, човечки ресурси за да се обезбеди пристап до образование за сите деца и адолесценти со попреченост.