Со трибина организирана на Државниот Универзитет во Тетово вчера беше одбележана 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Организатори на Трибината „20 години од Охрид“ беа Државниот Универзитет во Тетово и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Како панелисти на настанот учествуваа: Артан Груби, вице-премиер во Владата на Република Северна Македонија и министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, др Дејвид Хјувит од Универзитетот Колумбија, др Арсим Најрами од Универзитетот во Приштина, како и професорите од Универзитетот во Тетово др Шефик Шеху, др Ибиш Кадриу и Шерузе Бајрами.
По завршувањето на панел дискусијата Артан Груби изјави:
– Многу сум задоволен што сум денеска тука заедно со Ректорот Вулнет Амети, заедно со панелистите ја одбележуваме 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор во една од институциите која е најдиректен резултат на овој договор а тоа е Тетовскиот Универзитет. Универзитетот за сите нас е референца за успешна приказна од Охридскиот рамковен договор. Овој јубилеј се совпаѓа и со 30 годишнината од нашата држава. Рамковниот договор покажа дека никој не изгуби, сите победија, всушност донесе мир, го преобрази нашето општество и ја отвори Евроатланската пењрспектива за нашата држава. Нормативниот дел на Охрисдкиот рамковен договор е усвоен од страна на Собранието и институциите на земјата. Имплементирањето е секојдневно и доживотно, изјави Артан Груби.
На панел дискусијата присуствуваа представници од централната власт како и бројни гости.