Бадниковата литија и пеењето на песната „Вечниот Бог“ ќе се одржи утре со почеток во 10 часот и 30 минути од Соборниот митрополитски храм „Свети свети Кирил и Методиј” во Тетово. Учесниците кои ќе ја изведуваат песната „Вечниот Бог“ ќе тргнат од црквата „Свети Кирил и Методиј“, а литијата ќе продолжи да се движи по градските улици.
„Ги повикуваме родителите што повеќе деца да донесат за достојно да ја одбележиме Бадниковата прослава, порачаа свештениците од тетовската епархија.
Ова е 4-ти пат да се организира Бадниковата литија во Тетово и веќе прераснува во традиција. Бадникарски литии се организираат и при црквите во Брвеница и Теарце.
Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година.
Во рамки на празнувањето на Бадник утре 6 јануари од 16 часот и 30 минути во Соборен митрополитски храм „Свети свети Кирил и Методиј ќе се одржи традиционалниот Божиќен концерт на хорот Менада.