Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат за Општина Јегуновце Дарко Блажески и листата со советници од коалицијата Најдоброто за нашата општина предводена од СДСМ утре официјално ќе бидат промовирани на митинг пред општинската зграда во Јегуновце.
На промоцијата, која ќе се одржи на 03.10.2021 (недела) во 15:30 часот, пред општинската зграда во Јегуновце, ќе имате шанса да се запознаете со планот за Најдоброто за општина Јегуновце.На промоцијата ќе присуствува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, информираат од СДСМ Јегуновце.
Пред граѓаните ќе се обрати и носителот на листата Александар Стефановиќ