Посебен сообраќаен режим ќе има утре во Тетово во периодот од 6 часот и 30 минути до 15 часот поради доаѓање и престој на висока делегација од Република Турција.Пренасочувањето во сообраќајот ќе биде на улиците кои водат кон Шарена џамија и комплексот „Арабати баба теќе“ во Тетово.
– Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да имаат разбирање за изменетиот сообраќаен режим и доследно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, но и да не ги паркираат своите возила и непотребно да не се задржуваат на овие улици во периодот за кој станува збор.Секторот за внатрешни работи Тетово секое непочитување на овие апели и укажувања законски ќе го санкционира со изготвување на соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски.
Турска делегација, предводена од Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција деновиве е во посета на РС Македонија.
А.С