Основното училиште „Прпарими“ во Голема Речица од 5-ти до 11-ти јуни е домаќин на гости од Еразмус + проектот Smart learning in education (Паметно учење во образованието).
Пристигнати се 23 ученици и девет професори од Италија, Романија, Португалија, Турција.
-Тема на овој завршен модул се алатки за оценување. Целта на проектот е социјализација на учениците, запознавање на различни јазици, култури, традиции, размена на искуства во наставата. – изјави Бесник Алили, координатор на проектот, одделенски наставник во ОУ „Прпарими”
-Чест ми да бидеме ваши домаќини, се надевам дека ќе имате пријатен престој – им посака Насер Нухиу, директор во ОУ „Прпарими“.
Во рамки на проектот ученици и наставниците од овие земји освен во Тетово беа во посета на Скопје, Охрид и Струга како и на Попова Шапка.
ас