Во болницата „8 септември“ во Скопје починала пациентка од тетовско на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во Клиничката болница Тетово починал пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни, информираат од Министерството за здравство.
Согласно бројките објавени од Институтот за јавно здравје со овие две починати лица, тетовскиот регион сега брои вкупно 37 починати лица поради коронавирусот.
Од оздравените 27 пациенти има 10 во тетовско, или вкупно 149 излечени во регионот.
Со новите 19 случаи вкупната бројка на дијагностицирани достигна 500 лица во сите шест тетовски општини (aктивни 304)
А.С