Вработените од Секторот за локален економски развој на Општина Тетово од 2022 година ќе бидат сместени во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа каде од академскиот кадар ќе добиваат поддршка и менторирање во насока на изнаоѓање на фондови и проекти во насока за потребите на локалната самоуправа.
Ова е една од новините кои УЈИЕ ги планира за 2022 година, а ги соопштија од установата на традиционалниот предновогодишен брифинг со новинарите.
-Почнуваме со тренинг на 32 вработени во Секторот за локален економски развој кои соодветно ќе бидат оспособени за развој на нови апликации за нови фондови. Затоа ќе престојуваат и ќе работат тука, не само физички и просторно туку ќе бидат поддржани и од сите овие аспекти. Голема желба била од пред 3-4 години дека сакаме да го воспоствиме тој мост на соработка да не биде оддалечена општината и општините. Ќе биде и регионален центар за развој на полошките општини како и на ниво на Општина Тетово, изјави ректорот Абдулменаф Беџети.
Во 2022 година УЈИЕ очекува и унапредување на академските програми – основање на нови единици од здравствената едукација. На тој начин на Универзитетот се зголемува бројот на вкупно шест факултети.
-Воведуваме сосема нова област со две студиски програми од по три години – за медицински сестри и за физиотерапевти. Понатаму во годините сакаме да отвориме програми за лаборанти и радиолози,со крајна цел формирање во иднина на успешен медицински факултет, рече Беџети.
Тој рече дека УЈИЕ во 2021 успева да има настава со 90 отсто со физичко присуство. Годинава се примени нови 1050 студенти. Вкупниот број студенти се поделени 2/3 во кампусот во Тетово додека останатите во Скопје. Според јазикот на наставата, 72 % на албански 8 % на македонски и 20% на англиски јазик.
ас