Дваесет и шест годишник од полицајци бил фатен во обид да краде од возила ноќеска на една од тетовските улици. Полицајците го забележале половина час пред полноќ на улицата „Штипска“ во Тетово.
-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово, поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф“ и „опел астра“, со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица. Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
А.С