ФК Тетекс Тетово во недела 23 август го започнува натпреварувањето во Втората фудбалска лига Запад. Во првото коло Тетекс е домаќин, а на градскиот стадион во Тетово го пречекува тимот на Кораб од Дебар.
-Натпреварот започнува со почеток во 17 часот, а поради пандемијата со Ковид-19 натпреварите ќе се играа без публика, соопштија од клубот.
За оваа сезона Тетекс се засили со дури 9 нови играчи.
-Во клубот пристапија Марко Стојчески и Кристијан Јовановски од ФК Македонија Ѓорче Петров, Бојан Тимески, Илјаз Челафи, Лавдрим Скендери, Мирослав Јовановски, Кристијан Ристески, сите од ФК Гостивар, додека Никола Димовски и Борјан Панчевски од ФК Осогово, информираат од клубот.
Тетекс со оглед на фузијата со ФК Лабуништа за натпреварите во Втората лига во фудбалската федерација привремено ќе се води под името ФК Лабуништа 2011 Тетово.
Во второ коло што ќе се игра на 30 август Тетекс повторно е домаќин, а во Тетово во полошкото дерби ќе се сретнат со ФК Гостивар.
А.С