Почнува новата сезона 2021/22 во Втората македонска фудбалска лига, а ФК Тетекс утре, среда 25 август од 16 часот на Градски стадион во Тетово го пречекува ФК Велешта во дуелот од првото коло.
-Со значително реновиран тим, „сино-белите“ ќе се обидат да ги остварат клупските цели, да ја израдуваме нашата публика и навивачката група Војводи. Согласно владината одлука за воведување рестриктивни мерки за организирање спортски натпревари, ској кој сака да го поддржи нашиот тим на трибина, мора да прикаже пред влезот сертификат за целосна вакцинација или потврда за примање најмалку една доза вакцина против Ковид-19. Цена на билет за овој натпревар и сите останати домашни натпревари ќе чинат по 100 денари, освен за тие кои си имаат набавено сезонска карта , што инаку чини 800 денари. Потсетуваме дека сезонските карти може да се набават во билетарата на Градскиот стадион, информираат од ФК Тетекс.
Главен судија на мечот ќе биде Благојче Ралевски, а ќе му помагаат Владимир Митревски и Мартин Клочовски (сите од Битола). Четврти судија е Дени Лековски. За делегат на натпреварот е одреден Хајро Бабачиќ од Скопје, додека контролор на судењето е Илчо Јорданоски од Прилеп.
Капацитетот на Градски стадион е ограничен на 30 отсто.
А.С