Хамдија Елезовиќ претседател на Комисијата за здравство при СДСМ Тетово на прес-конференција се осврна на процесот на вакцинација.
-Системот за масовна вакцинација во Тетово започна и функционира беспрекорно, овозможени се сите услови за непречен тек на процесот за постигнење на колективен имунитет. Масовната вакцинација се одвива во спортската сала средното медицинско училиште во Тетово. Процесот на вакцинација тече со добра динамика, вакцините ќе бидат распределни за што повеќе граѓани за што покусо време да се вакцинираат.
Да ја искористиме шансата за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот Ковид 19. Пандемијата не научи на почитување на превентивните мерки а во оваа фаза да бидеме сплотени и обединети и да ставиме приоритет на вакцинацијата со која ќе ставиме крај на пандемијата. Апелираме до сите граѓани дека вакцините се безбедни,а несаканите ефекти се мали.
Огромна благодарност до моите колеги, лекари, медицински лица, волонтери и помошен персонал кои активно се вклучени во процесот на вакцинација и даваат голем придонес во успешно одвивање на овој процес. Апелираме до сите лица од сите возрасти кои сакаат да се вакцинираат против Ковид 19 и на тој начин активно да учествуваат во ставањето на крај на пандемијата, да се пријават на веб страната на Министерство за здравство- https://vakcinacija.mk/ и да го резервираат своето место на листата на вакцинирани, истакна Хамдија Елезовиќ претседател на Комисијата за здравство при СДСМ Тетово на прес-конференција се осврна на процесот на вакцинација.