Приклучете се на хуманитарната акција „Избери #хуманост, пробуди #надеж!“ која Хрватски Форум ја спроведува во 4 градови во Македонија.
Наместо да заврши во отпад, облеката која ни е мала или повеќе не ја носиме – можеме да ја донираме на Црвениот Крст преку што истата ќе пристигне до оние на кои им е најпотребна.
Затоа во Тетово, во четврток, на 31.10.2019 од 13 до 15 часот на платото пред ЦК „Иљо Антески – Смок“ во Тетово организираме донирање на чиста облека која ќе биде распределена на оние кои имаат потреба за истата.
Не смееме да заборавиме да бидеме хумани и солидарни, затоа #донираме. Избери хуманост и приклучи се на акцијата.
Оваа хуманитарна акција во Тетово ја организираат Хрватски форум и ОО Црвен крст Тетово, а кон истата се приклучија и Македонско – Хрватско Друштво Тетово и Институт за развој на заедницата.