По повод 30 годишниот јубилеј оваа година Здружението на Срби и Македонци, КУД Бранко Чајка деновиве организира хуманитарна акција. Оваа активност е една од повеќето со кои ќе се одбележи јубилејот.
-Хуманитарната акција следува по бројните повици од наши членови и граѓани на кои им е потребна помош со оглед на севкупната состојба. Се обративме до фирмата Мтел која ни донираше душеци. Обезбедени се и ќе се донираат 55 душеци во полошкиот регион. Здружението во изминативе 30 години има вакво искуство, но подолго време ваква акција не се одржалам информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението.
Здружението има организирано и крводарителна акција.
ас