Уште еден објект на Јавната установа детска градинка Младост – Тетово ова лето комплетно се реновира. Паралалено со активностите во објектот Стара градинка, започна и внатрешната обнова на објектот Поток. Од септември децата од градот и околината ќе престојуваат во многу подобри услови од досегашните во градинките.
-Во објектот Поток е сменета канализационата и водоводната мрежа, а поставена е и нова санитарија. Исто така направивме спуштени плафони за поголема енергетска ефикасност, а за заштеда на електрична енерија поставиме и лед светилки. Се поставија нови ламинат подови , бидејќи паркетите беа дотраени. Ќе има нови шкафови, креветчиња и столчиња, а се надеваме дека ќе обезбедиме и нови играчки, зависно од финасиските средства, изјави Рамие Даути, директорка на ЈУДГ Младост.
Од септември во градинките во Тетово ќе бидат примени околу 1 000 деца, а доплнително листата на чекање се очекува да достигне бројка од 300 деца, што е двојно зголемување од предходните години.