Центарот за еднакви можности „Бубамара од Тетово преку соопштение до јавноста изразува загриженост околу положбата на жените на средбата на лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија.
-Жените во регионот и пошироко, во некои случаи, покажаа дека се многу повеќе од слуги на мажите, иако овие последниве седат на позиции кои им се доделени од патријархалниот менталитет. Фотографијата подоле ја отсликува моменталната состојба на жените во регионот и во очите на нашите политичари. Ги потсетуваме лидерите Заев, Рама и Вучиќ дека вашата цел не може да биде „развојот на регионот“се додека половината на населението од регионот се претставни како свои слуги, истакнуваат од „Бубамара“.
Од Центарот „Бубамара“ велат дека постојано алармирале за потребата за вклучување на жените во политиката и рамноправата поделба на менаџерските извршните позиции. Исто така потенцираат дека покрај тоа, земјите со најниско ниво на корупција, во исто време и меѓу најразвиените, се предводени од жени.