Втор ден се работи на отстранување на поголем дефект поради што вода за пиење нема во централното градско подрачје на Тетово. Дефектот е на крстосниците на улиците „Јане Сандански“ и „29 Ноември“ пред комплексот објекти на Здравствен дом Тетово и Клиничката болница.
-Поради дефект на цевковод Ф-80 на водоводна мрежа ќе има прекин на водоснабдување на дел од граѓаните, во времетраење од 10:30 до завршување –поправка на дефектот. Работниците од работната единица „Водовод и канализација” ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, информираа од Јавното комунално претријатие Тетово.
Од почетокот на годината во неколку наврати поради разни дефекти и проблеми во водоводна мрежа тетовци се соочија со рестрикции во снабдувањето со вода за пиење.
А.С