Четири лица починале поради Ковид-19 во тетовската клиничка болница во изминатите 24 часа, информираат од Ковид центарот. Охрабрувачка вест од таму е што има повеќе пациенти пуштени дома, од ново примени.
-Во текот на изминатите 24 часа има нови седум лица кои се примени на болничко лекување, додека пуштени дома се 10 луѓе. До утринава во седум часот се бележат 112 лица вкупно кои се лекуваат во болницата и сите се на кислородна поддршка, информира Д-р Миранда Пајазити од Ковид центарот.
Од друга страна се уште е висок бројот на пргеледи и контроли во амбулантата на Ковид центарот-за 24 часа за помош се обратиле 227 луѓе.
ас