Шаховскиот клуб „Анпасан“ од Тетово го освои шестото место на државното екипно првенство на Македонија кое се одржуваше во Струга од 15 до 21 август. Првото место го освои Алкалоид, вторoто место Гостивар додека Гамбит од Скопје е на третата позиција.
-Нашиот клуб има шахисти со рејтинг од 2400 поени и пласманот е во сооднос со тоа. Бележиме и мининален пораз од првакот Алкалоид за само половина поен, што е достигнување за нас со оглед дека во овој најуспешен клуб се наоѓаат светски и европски велемајстори со висок рејтинг, изјави Назмидин Имери, претседател на ШК „Анпасан“.
Турнирот беше од отворен карактер за сите играчи со ФИДЕ ИД код кои се наоѓаат на македонската рејтинг листа. Се играше по Швајцарски систем од девет (09) кола и се рејтингуваше во ФИДЕ.
А.С