Експерти од Швајцарија дојдоа во Јегуновце за да ги видат критичните места долж реката Вардар и да понудат решенија во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста од поплави“. Тие се ангажирани со оглед дека преку Владата на Швајцарија се обезбедени средства, а во проектот е вклучена и Програмата за развој при Обединетите Нации-УНДП.
-По барање на Градоначалникот Дарко Блажески во Општина Јегуновце се одржа работна средба, по што беше извршена посета на терен по течението на река Вардар во населените места: Јегуновце, Раотинце, Копанце и Туденце. На средбата беше дискутирано на повеќе теми за конкретни предмети, критичните места на кои поради висок водостој во изминатите години доаѓаше до излевање на водата од коритото на реката Вардар која причинуваше материјални штети од големи размери, соопштија денес од општина Јегуновце.
Населените места во руралната општина Јегуновце често пати се поплавуваат поради излевањена реката Вардар. Како долгорочно решение се смета уредувањето на коритото на реката во должиа од шест километри.