Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центар за Трансфузиона Медицина од Тетово организираа крводарителска акција во касарната на АРМ во градот „Кузман Јосифоски Питу“. Крв имаа можност да даруваат вработените и припадници на АРМ.
-Вкупно 60 единица крв се собрани од вработените и припадници на АРМ. Задоволни сме од одзивот, акцијата беше еднодневна и траеше од 9 до 14 часот, информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.
Следната акција на Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина е планирана за во месец март во средното стручното училиште „Моша Пијаде“ Тетово.
А.С