Седум години откако почна да се гради и една година откако беше завршена изградбата, шестоседата жичница на Попова Шапка денес ги однесе првите скијачи на повисоките терени. Минатата година жичницата министрите означија дека е може да се употребува, но воопшто не проработе бидејќи недостасуваше обучен кадар за нејзино управување, лани и снег немаше на Шар Планина.
-Со ставање во функција на шестоседата жичарница за сите скијачи, посетители и туристи, убедени сме дека преку вакви инвестиции ќе привлечеме и други туристи не само од регионот туку и од други држави. Преку вакви инвестиции можеме да развиеме и важни туристички дестинации во нашата држава и тие директво и индиректно да влијаат врз локалниот економски развој, не само врз Општина Тетово и Полошкиот Регион туку и врз економијата на Северна Македонија“, изјави министерот Крешник Бектеши.
Што се однесува до најавената приватизација на туристичкиот центар Попова Шапка, министерот Бектеши рече дена се уште се разгледуваат моделите по кои би се извршила приватизацијата.
Шестоседата жичница е единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата е 1.500 метри а за еден час може да пренесе 2.400 скијачи до скијачките терени на Шара. Цената за едно возење на шестоседата жичарница изнесува 150 денари.
Изградбата на жичарницата чинеше над 9 милиони евра и уште од самиот почеток ја следеа проблеми. Првин имаше големи забелешки од експертите за трасата на која е поставена жичарницата за која тие беа со мислење дека не е направен најдобриот избор, па со изградбата на столбовите и употребата на механизацијата се преораа скијачите патеки кои тука поминуваа, потоа при вршењето на градежните работи се оштети еден од главните извори од кои Тетово се снабдува со вода за пиење и кога конечно беше завршена градбата, жичарницата стоеше една година вон функција се од денес кога конечно е пуштена во употреба.