Општина Тетово објави јавен повик на кој може да се пријавата невработени лица кои потоа ќе бидат времено ангажирани како образовни асистенти во период од 9 месеци. На работните позиции ќе се ангажирааат лица кои имаа високо образование односно факултет за психологија, дефектологија и педагогија.
-Евидентираните невработените лица кои ќе бидат вклучени во програма „Општинско-корисна работа“ ќе бидат времено ангажирани со скратено работно време од 20 работни часови за 9 месеци, при што статусот на невработен останува непроменет. Право на учество во програмаата имаат сите лица при што предност ќе имаат оние кои прв пат се јавувааат, се наведува во повикот на Општина Тетово.
Невработените кои аплицираат треба да се се од во една од целните групи: невработен во АВРМ најмалку една година, млади невработени до 29 години, евидентирани најмалку 6 месеци и лица корисници на гарантирана минимална помош. За кандидатите вклучени во прогамата ќе има паричен надоместок од 9 илјади денари.
Заинтересираните имаат рок до 26 август да се пријават во Агенцијата за вработување со тоа што треба да поднесат пријава, диплома заверена на нотар и кратка биографија.
Програма „Општинско-корисна работа“ е резултат на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Тетово за оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услови на пазарот на трудот за 2020 година
А.С