Јавно приватно партнерство како најдобар модел ќе се користи за општинските секундарна мрежа со цел домаќинствата да имаат најниска можна цена за добивање на гас, вели директорот на Национални Енергетски Ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи. Тој денес од тетовско Фалише каде се вршеше увид на градбата на гасоводната линија истакна дека поради високите трошоци не можат сите општини да формират јавни претријатија за секундарна гасодовна мрежа.
-Како најдобар модел Јавно приватно партнертво (ЈПП) се заснова врз физибилити студија во 2014. Мали општини нема да формираат јавни претријатија бидејќи тарифите за дистрибуција се основани на трошокот за инвестиција, одржување, билинг систем, диспечерски центар што се огромни трошоци. Не е исто ако опслужите 1000 корисници и 100.000 корисници, а исти се трошоците, рече Реџепи,.
Била направена симулација, како да се определи моделот за дистрибуција во работна група во Владата.
-Цената за приклучок на пример ќе биде со ЈПП 100 евра наместо сегашниве 800 евра што ги плаќаат во Куманово и Струмица. Цената за метар кубен гас ќе биде далеку поефтина во случај да има еден оператор, доколку ако бидат повеќе оператори со различни тарифи. Затоа што ако Регулаторна комисија ако пресметува тарифите ги пресметува врз основа на трошокот за инвестирање и одржување и во таков случај тој трошок ќе биде многу голем и тоа го плаќаат граѓаните. Во Франција 60 милиони држава, има само еден оператор Газ Де Франс. И реално кога во Франција не може да функционира на ниво на општини и во сите другите држави кај уште поневозможно ако ги гледаме финансиските капацитети. Во општина Тетово пример целата инвестиција ќе биде околу 15 милиони евра и тоа бара многу пари и ресурси за градење и одржување, истакна Реџепи.
Изградбата на интерконектор со Грција е уште една насока во добивање дополнителен извор за снбадување со гас, а со тоа и намалување на цената за користење.
-Ние ќе имаме извор друг извор за снабдување и тоа ќе влијае во крајната цена кај потрошувачите. Кога еден снабдувач купува една милиајрдна метри кубни нема да биде иста со еден снабдувач што ќе купи 10 милиони метри кубни, потенцира Реџепи.
– Работите на интерконекторот со Грција која нашата држава ја поврза со ТАНАП и ТАП во јужниот дел тоа е важно и геополитичи имајќи во предвид дека сега имаме само едне крак или само еден конектор, изјави и министерот за економија Крешник Бектеши, кој беше на увидот.
А.С