Јавното комунално претријатие „Тетово“ најави дека од денес нема да има рестрикции во водоснабдувањето затоа што се зголемиле количните вода кои се добиваат од природните извор на Шар Планина. Досегашните естрикции беа воведени на 13 април во два термина од 13:30 до 16:30 часот и од 22:30 до 01:30 часот.
-Како резултат од зголемување на температурите, имаме зголемување на количината за вода на пиење која изнесува 370 литри вода во секунда доволна за снабдување на градот со вода за пиење. Заради оваа, од денес нема да има рестрикција на водата за пиење, информираат од ЈКП Тетово.
Рестрикциите беа воведени за да се овозможи еднакво опслужување со вода за пиење откако одредени делови од градот изминатиот период се соочија со повеќечасовни прекини во снабдувањето. Претходно на 24 февруари беа воведени рестрикции во три периоди од денот со вкупно траење од 11 часа и 30 минути, кои траеја десетина дена.
Од почетокот на годината Тетово се соочува со проблеми во водоснабдувањето за што ЈКП Тетово посочи дека лизгањето на земја предизвика неколку пати оштетување на цевководот од новиот водоснабдителен систем, а беше посочена и намалената изданошност на изворите за стариот систем.