Претседателот на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово Јован Божиноски е именуван како еко-амбасадор од „ДОМА“ – едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
Платформата преку видео сторија ги претставува еко амбасадорите и нивниот придонес за природната околина. Приказната за Јован е околу напорите за унапредување и зачувување на природните вредности на Шара.