Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека од утре (4 мај) ќе започне со планираното пролетно гаѓање, кое ќе се реализира на стрелиштето „Еребино“, во атарот на тетовско Желино. Гаѓањето ќе се одвива до 16-ти мај, секој ден од 8 до 15 часот.
На 5-ти, 6-ти и 9-ти мај годинава, исто така, планирано е гаѓање на фудбалското игралиште под Брана во Маврови Анови, со кое ќе бидат опфатени полициските службеници од Полициското одделение Маврово, додека полициските службеници од Полициското одделение Ростуше истите денови ќе гаѓаат на импровизираното стрелиште во долнореканското село Аџиевци.
На 9-ти, 10-ти и 11-ти мај, пак, закажано е гаѓање во месноста „Чука“, а во кое ќе учествуваат полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
….