Културно уметничкото друштво „Брвеница“ и годинава ќе организира фолклорни средби „Брвеница игра и пее“, на кој покрај домаќините ќе настапат уште шест други друштва и ансамбли. Манифестацијата ќе се одржи овој викенд сабота 25 јуни и недела 26 јуни
-Ќе настапат повеќе културно уметнички друштва од Македонија, а специјални гости се КУД „Брвеница“ од Рашка, Србија. Манифестацијата започнува во саботата од 17 часот и 30 минути со дефиле на учесниците низ Брвеница по главната улица „Маршал Тито“ . Концертот е со почеток во 18 часот и 30 минути во дворот од училиштето, информира Блаже Мишевски, од КУД „Брвеница“.
Во недела од 12 часот, специјалните гости од Србија ќе настапат во дворот од цркцата Свети Атанасиј.