• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Младата режисерка Ана Андонова од Тетово работи на нов документарен филм насловен „Лили“

Активист од Азербејџан кој е прогонет од властите и се обидува да живее од уметноста во земјите каде престојува. Лили Назаров бил во Турција, сега е тука па планира да оди во Албанија.

06/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Младата режисерка Ана Андонова деновиве во Тетово и Скопје работи на својот прв документарен филм насловен „Лили“ во кој се зборува за млад активист од Азербејџан кој е прогонет од властите и се обидува да живее од уметноста во земјите каде престојува. Лили Назаров бил во Турција, сега е тука па планира да оди во Албанија.

-Низ секоја земја остава по еден свој мурал. Ова е ново за мене, прв документарен филм. Досега работев на играни филмови, работам за прв пат со човек кој не е од оваа земја. Требаше многу да истражувам за да направам добра приказна за него. Мислам дека ќе испадне добра приказна затоа што е таква сама по себе.  Екипата која работи на филмот е од Македонија, вели 22 годишната Ана.

Протагонистот Лили Назаров вели дека муралот го претставува општеството во Азербејџан и притисокот од средината со кој се соочуваат тамошните луѓе, особено жените.

-Оваа уметничка работа во средина претставува три жени кои се убиени во Азербејџан оваа година. Тука е 20 годишна девојка која се самоуби поради притисок од фамилијата, има жена трансродово лице како и една жена која е убиена од свекорот. Сакам да ја прикажам нивната борба на сите. Црвениот дел е општеството, во средина се жените кои се страдаат од општеството, објасни Лили Назаров.

Ана филмот ќе го пријави на филмски фестивали. Нејзината работа е помогната од организација во Амстердам Схтифтунг Арт 1, која работи за активизам преку уметност.

-Во Македонија работиме три години со поттикнување учество на млади преку културата за теми како што се еднаквост на половите, човекови права и ЛГБТ.  Ние се запознавме со Ана, таа се запозна со Лили, кој дојде овде како мигрант од Азербејџан, изјави Крис Белони од организацијата.

За Андонова ова е осми филм. Минатата година го изработи краткиот игран филм „Малечка“ со шест актери и над 50 статисти, со кој учествуваше на Младински филмски фестивал.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Интервју со Ахмед Ќазими: Тетово ги има сите средношколски образовни профили

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!