Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.04.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година .
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг. Од 13.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин-ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин-ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво-ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,00 (денари/литар)
Масло за горење -Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 57,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,266 (денари/килограм)