Во текот на април годинава полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во Тетово и Тетовско вкупно откриле и законски санкционирале 1883 различни видови неисправност, односно сообраќајни прекршоци. Во контролните активности, редовни, засилени и акциски, поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 39 возила.
-Најмногу од исклучените возила (29) имале истечена регистрација над 30 дена, a кај 10 била констатирана техничка неисправност. Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 141 возач, од кои 118 кои управувале без возачка дозвола, 2 под дејство на алкохол, 9 возачи-почетници, исто толку со несоодветна категорија и 3 со важечка забрана за управување соопшти порпаролот Марјан Јосифоски.
Покрај тоа, во овој период времено биле одземени 10 возачки и 30 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 172 непрописно паркирани возила. Сите недостатоци, односно прекршоци биле санкционирани со соодветни, законски предвидени поднесоци.
А.С