• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Родители и 36 годишна ќерка починале дома поради Ковид-19 минатата недела во Тетово

02/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница. Тие не биле на преглед во Ковид центарот и починале дома. Според лекарите генетскиот фактор и хронични болести се причините за ковид смртни случаи во цели семејства како тетовското.

-Имаме информација од минатата недела дека во домашни услови има тројца починати од едно семејство, од кои најмладата е 36 годишна жена со коморбидитети, била со обезитас, гинеколошки проблеми. Нејзините родители биле во тешки форми на болести како канцер во терминална фаза кај таткото и кардиолошка болест кај мајката. Значи генетскиот фактор и коморбидитетите се главниот проблем за смртни случаи при зараза со Ковид-19, обаснува Д-р Миранда Пајазити од тетовската клиничка болница.

Од болницата велат дека немаат информации како се заразиле членовите на семејството.

-Немаме информации за начинот на кој се заразиле. Можно е да било поради групирање, не само свадби, имаше разни видови на групирање кои може да доведат до заразеност. Затоа апелираме да нема групирање. Да нема никакви настани додека се смири ситуацијата. При првите симптоми да прават контрола и тоа е многу добро.  Сега во клиничка болница нема многу членови од исто семејство кои се заразени но во домашни услови има, има и во поблага и во полоша форма. На жалост повеќето пациенти доаѓаат во терминална фаза од болеста ги кријат симптомите дома, објаснува тетовската докторка.

Изминатите 24 часа во тетовската болница имало два смртни случаи кај хоспитализираните пациенти, на 40 и 60 годишна возраст.

-Овие денови расте свеста и доаѓаат на прегледи. И тоа е добро ќе помогне во намалување на бројот на заразени. Генетски фактор е многу значаен, а плус делта варијантата на Ковид има способност еден човек да зарази деветмина. Многу е појак од минатиот, рече д-р Пајазити.

Сега во Ковид центарот има 108 хоспитализирани од кои 106 на кислородна поддршка и двајца на неинванзивен респиратор. Новопримени се 14 лица, а испишани од болничеко лекување се десет луѓе.

ас

 

 

 

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава

Алијанса за Албанците : ОУ „Наим Фрашери“ во Мала Речица е нова измама на Општина Тетово, градоначалничката и ДУИ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.