Три лица на 18 години се повредени откако во нив удрил 26 годишник од Тетово пред угостителски објект на улица Маршал Тито ноќеска околу 3 часот и 35 минути, информира МВР.
С.Ј. (26) од Тетово со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во триите лица со кои претходно се расправал. Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди.
Подоцна околу 5 часот С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени од полициски службеници на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ и приведени. При приведувањето девојката која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти денес МВР.