• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пладневно одбележување на Православна нова година во Тетово

14/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Годинава продолжи народното одбележување на Православна нова година од група граѓани и верници во црквите во Тетовско со намера да прерасне во традиција. На пладне биеја камбаните во повеќето православни храмови, а се подели пита со паричка. Православната духовност е главната цел на ваквото заедничко прославување, порачаа организаторите.


-Во 12 часот да чукнат камбаните во сите православни храмови во Тетовско. Во сите тие храмови, тие што добија паричка во нивното парче си направија пита со паричка и донесоја. Во другите кај што не можеа однесовме ние како организатори. Така да нема ни една црква каде што нема пита со паричка. Главната поента е духовна храна што ние како организатори токму на ова што втора година се прави и е најголемото богатсво за тоа што се тоа треба да се доживее и почувствува. Сите овие луѓе што дојдоа специјално за овој чин на биење на камбаните, дојдени се посебно за таа причина. Ова е поврзано со нашето постоење како православни верници и токму камбаната е симболот кој што треба да го означи постоењето наше во Тетовско, изјави Снежана Стојановска.

Повеќе децениски одбележување на Василица во Тетовско има во неколку села како Копанце, Милетино,Вратница. Група на маскирани учесници од утринските часови ги посетуваат домаќинствата, со исполнување на празнични песни и ора со цел да се истераат лошите духови од домовите на семејствата. Од домаќините добиваат дарови како топла ракија, грав, овошје и зеленчук.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Митрополит г. Јосиф: На прагот на Новата година да си дадеме на себе си задача – да бидеме пред сè добри!

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.