• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа денешниот 5 мај – Ден на македонскиот јазик

05/05/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Н ационалната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово со пригодна активност го одбележи денешниот 5 мај– Ден на македонскиот јазик.  Реферат „5 мај – Ден на македонскиот јазик“,  прочита библиотекар Габријела Ристоска.

-Нашиот јазик е еден од десетте најстари јазици во светот, односно старословенскиот со кој има најмногу сличности. Нашата азбука е составена од 31 буква и само ние ја имаме буквата ,,ѕ“, иако постоела во старословенското писмо. Македонскиот јазик поминал низ многу премрежја, патот на формирање на денешниот современ литературен јазик е долг и макотрпен процес. Словенската писменост во Македонија се зајакнува при крајот на 9-ти и почетокот на 10-ти век. Учениците на Кирил и Методиј – Климент и Наум, ја создаваат Охридската книжевна школа, чија дејност главно била преведувачка и препишувачка. Старословенскиот јазик пренесен во словенските земји претрпува промени примајќи елементи од говорот на различни словенски средини. Првата словенска азбука која се користела во Македонија била глаголицата создадена од Кирил. При крајот на 10ти век почнува да се употребува кирилицата, а во 12-ти век сосема ја надминала глаголицата. Кирилицата е создадена од учениците на Кирил, Климент и Наум, а во негова чест е наречена кирилица, посочи Ристоска.

Говорничката се осврна и на поетот Кочо Рацин, интелектуалец и револуционер чие име го носи и тетовската установа.

-Неговите заслуги се наизмерни и поради ова нашата национална установа го носи неговото име –  Бибилиотека ,,Кочо Рацин“. Ние, библиотекарите, имаме благородна мисија да бидеме чувари на пишаниот збор. Горди сме на фактот што нашата библиотека е пионер во најновите библиотекарски трендови и носител на една од водечките улоги на ширење на библиотечната дејност во нашата држава. Македонскиот јазик опстојува и за време на НОБ, со националното ослободително движење, конечно се создадоа услови за установување на нашиот литературен јазик, посочи Ристоска.

Потоа на со свое учество Денот го одбележаа ученици и наставници од тетовските основни училишта.  Рециталз за  „Родниот јазик е бисерен ѓердан“ од Видое Подгорец, прочита одделенски наставник Соња Трифуновска, а со читање поезија од македонски автори и лични творби се претставија ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово. Тие заеднички изведоа и рецитал  „За македонскиот јазик“ .

Библиотеката на учениците и наставниците им додели благодарници за одбележување на настанот.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Комедијата „Вај-фај“ отсликување на реалната состојбата на Балканот-младите се иселуваат, а родителите остануваат дома

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!