Соопштение на СВР Тетово 3 септември 2024
На 02.09.2024 во 22.00 часот во СВР Тетово, С.Ч.(32) од Тетово пријавила дека околу 20.44 часот пред зградата каде што живее, по кратка расправија, била физички нападната од А.И., Н.И. и две женски лица кои не ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
На 02.09.2024 во 16.30 часот во СВР Тетово, Б.Д.(40) пријавила дека околу 14.15 часот во двор на тетовско средно училиште, по претходна расправија, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.09.2024 во 20.45 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(27) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.09.2024 во 23.40 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Љ.(43) од тетовско Теарце затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.